Шест странски компании, три од Австрија, и по една од Германија, Италија и од Канада останаа во конкуренција за изградба и управување со регионалната депонија крај село Добрашиници, во Струмица. Претставници од шесте компании ја посетиле локацијата каде што во иднина треба да се складира отпадот од десет општини од југоисточна Македонија. Оваа депонија е прва во државата што треба да се гради со давање под концесија, а уште неколку такви треба да бидат изградени во други региони од државата. Во наредните месеци компаниите треба да ги објават понудите за изградба и управување со регионалната депонија, а не се исклучува можноста за собирање и транспорт на отпадот од сите општини во југоисточниот регион...
Шест странски компании, три од Австрија, и по една од Германија, Италија и од Канада останаа во конкуренција за изградба и управување со регионалната депонија крај село Добрашиници, во Струмица.
Претставници од шесте компании ја посетиле локацијата каде што во иднина треба да се складира отпадот од десет општини од југоисточна Македонија.
Оваа депонија е прва во државата што треба да се гради со давање под концесија, а уште неколку такви треба да бидат изградени во други региони од државата.
Во наредните месеци компаниите треба да ги објават понудите за изградба и управување со регионалната депонија, а не се исклучува можноста за собирање и транспорт на отпадот од сите општини во југоисточниот регион.
Инвестицијата за изградбата на депонијата се проценува на над 20 милиони евра.